Момче не може да си ги сокрие возбудата и неверувањето кога успеа да направи двојно салто наназад со тротинет.
10-годишниот Тајлер Хејни веројатно е најмладата личност во светот која успешно го има направено овој подвиг. „Како го направив тоа?“ – извикува низ солзи Тајлер.
Во описот на Instagram тој објасни дека се плашел од двојното салто, бидејќи претходно имал паднато на глава додека го изведувал.
Тајлер и неговиот татко Брајан патуваат низ Велика Британија и посетуваат различни скејт-паркови за тој да може да си ги усовршува вештините.