Кучињата не се само најдобрите пријатели на човекот, туку се и најдобрите мотиватори и поддржувачи, а новото вирално видео е сладок доказ за тоа.
Во видеото, кое за две недели привлече повеќе од 4 милиони прегледувања на YouTube, мало бебе се обидува да пролази за првпат со цел да стигне до својот влакнест миленик. На крајот, успешната мисија на слаткото девојче е наградена со влажен кучешки бакнеж.
„Нашата малечка ќерка лази за првпат во видеото, но она што се случи потоа ни ги растопи срцата! Лабрадорите се најдобрите семејни кучиња!“ – стои во описот на видеото.