Празничното видео на Woodie топли срца и ја покажува моќта на малите добри дела.
Во него е прикажана старица која на секое излегување од дома се мачи да ја затвори портата, затоа што нема кој да ѝ ја поправи. Непосредно пред празниците, ќе добие изненадување од млад сосед.
„Ако некогаш постоел Божиќ во кој требало да се грижиме едни за други, тоа е овој. Со задоволство ја споделуваме нашата божиќна реклама која раскажува приказна како еден едноставен гест на хаусмајсторство станува прекрасен гест на љубезност од еден сосед за друг“ – пишува во описот на видеото.