Непосредно пред Божиќ, Меланија и Доналд Трамп ја напуштија Белата куќа и заминаа на одмор.
Славниот пар со хеликоптер одлета од тревникот на претседателскиот дом за да ги прослави празниците во неговиот ресорт Мар-а Лаго во Флорида.
50-годишната Прва дама на САД беше облечена во модерна црна комбинација со палто од Азедин Алаја и високи чизми над колена од нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.
Популарната двојка сподели празнична порака од Белата куќа.
.@POTUS & I send our warmest wishes to all as we celebrate #Christmas. May the love we share with our family & friends fill our hearts with peace & joy! pic.twitter.com/aR2HNhMDPr
— Melania Trump (@FLOTUS) December 24, 2020
За годинешната честитка, Меланија и Доналд позираа во координирани костуми.