Хороскоп за Скорпија

Скорпија

23 окт – 21 ное

Четврток, 2 април 2026

Полната Месечина денес ќе ви донесе потреба за повлекување и интроспекција. Ќе се соочите со нешто што долго време го потиснувавте во себе, но не за да се повредите себеси, туку за да раскрстите со истото. Ова е период на внатрешно чистење.

Сонот, одморот и тишината ќе ви бидат неопходни. Слушнете го вашиот внатрешен глас, тој знае што треба да оставите зад себе.