Почетна » Убавина и мода » Тело » 8 трикови за разубавување од холивудските стилисти и мејкап артисти

8 трикови за разубавување од холивудските стилисти и мејкап артисти

Врвните мејкап артисти и стилисти во своите куферчиња освен козметички производи и помагала, кријат и многу трикови за разубавување. Збогатете го вашето знаење за истакнување на женската убавина со неколку мали тајни, кои можат да ве заштитат од големи бјути проблеми.

Убава жена

Збогум за акните на лицето

Акните се огромен проблем не само за тинејџерките, туку и за дел од возрасните жени. Барате домашен лек? Во едно пакетче сув квасец исцедете половина лимон и од смесата нанесете врз акните. Оставете да стои 5 минути. Веднаш ќе забележите дека акните се посуви и помалку забележителни.

Соња Дакар, експерт за нега на кожа

Нанесување на маскара без размачкување

За да не ја уништите целосната шминка на очите поради размачкување при нанесувањето на маскара, ставете пластична лажичка над очниот капак. Така безбедно можете да ги акцентирате трепките со маскара, без да направите неред. Исто така, лажичката може да ја искористите и за долните трепки.

Карминди, мејкап артист

Ослободување од акните на грбот

Една од помалку познатите причини за појава на акни на грбот е користењето на регенератор за коса. Маслата кои регенераторот ги остава по кожата на телото може да предизвикаат појава на непријатни акни. Откако ќе го измиете регенераторот, соберете ја косата со штипка високо на главата и измијте го грбот, рамената и горниот дел на рацете. Користете крпа или сунѓер за ексфолијација и нежен гел за тело.

Рене Ролоу, експерт за нега на кожа

Здрав блесок за безживотната кожа на лицето

Кога сте уморни и кожата на лицето го изгубила здравиот изглед и блесок, натопете крпа со топла вода, легнете на кревет и поставете ја крпата врз вашето лице. Останете пасивни 5-6 минути, а потоа повторете го истото, само што овој пат крпата ќе ја навлажните со ладна вода. Тоа ќе ви ја подобри циркулацијата, а воедно и ќе ви ја врати живоста и неодоливиот сјај на кожата.

Бриџит Пис-Андерсен, мејкап артист

Права коса и преку ноќ

Соберете ја косата во коњско опавче на врвот на главата, колку што е можно поблиску до челото. Така ќе ви остане права и во добра форма, па нема да бидете принудени да вршите дополнителни „интервенции“ наутро.

Сали Хершбергер, стилист за коса

Забрзување на апсорпцијата на крем за лице

Беспрекорната кожа на лицето е невозможна мисија ако ставите пудра веднаш по нанесувањето на хидратантен крем, без да дозволите кремот да се апсорбира. Но, ако чекањето е луксуз кој не можете да си го дозволите, легнете на кревет и наведнете ја главата наназад колку што можете повеќе. Нанесете го кремот додека сте во оваа положба и ќе се впие во кожата многу побрзо. Зошто? Затоа што таквата положба ја зголемува циркулацијата, која пак од своја страна ја потпомага апсорпцијата на кремот.

Ени Форд Даниелсон, мејкап артист

Природен изглед со пудра

За дневните прилики кога сакате што поприроден изглед на лицето, разредете ја течната пудра со алое. Сосема доволна е само една капка алое за пудрата да ја промени формулацијата, што ќе резултира со помало покритие и се разбира, со многу поприроден изглед.

Брет Фридмен, мејкап артист

Лимон за сув скалп

Се нервирате поради сувиот скалп кој често се лушти? Исцедете лимон на центарот на главата и со масирање разнесете го по целиот скалп. Оставете го 10 минути, а потоа измијте го. Киселината од лимонот ќе дејствува како ексфолијатор на скалпот и ќе го отстрани првутот. Ефектот би требало да трае една седмица.

Џина Брук, мејкап артист

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.