За време на овогодишното доделување на Оскарите, длабокото деколте на фустанот на Џеј Ло крена многу врева, особено поради лажните гласини дека Лопез покажа малку повеќе од градите отколку што е во границите на пристојното за таква престижна манифестација.
Во новата фотосесија за спортското издание на списанието „V“, Џенифер не направи многу за да го оттргне вниманието од нејзините гради. 42-годишната пејачка и актерка целосно се разголи, криејќи ги своите интимни делови од телото со боксерски ракавици.
Пред објективот на Марио Тестино, Џенифер позираше во боксерска облека, а во интервјуто за списанието признала дека тоа направило да се почувствува посилна.
Исто така, младоликата Џенифер открила дека знае да боксува. „Можам да примам многу удари и сепак да продолжам. Тренирана сум како боксер за да можам да издржам 15 рунди“ – изјавила таа.
Џенифер, која во моментов заедно со бившиот сопруг Марк Антони го подготвува своето ново шоу за таленти „Q'Viva! The Chosen“, објаснила дека иако нивниот брак се распаднал, тоа не влијае негативно на нивните бизнис односи.