Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез, Камерон Дијаз и уште три ѕвезди позираа за „Redbook“

ФОТО: Џенифер Лопез, Камерон Дијаз и уште три ѕвезди позираа за „Redbook“

Џенифер Лопез, Камерон Дијаз, Бруклин Декер, Елизабет Бенкс и Ана Кендрик со своите широки блескави насмевки ја красат насловната страна на списанието „Redbook“. Привлечните ѕвезди од филмот „What To Expect When You're Expecting“ позираа заедно за јунското издание на списанието, а во интервју споделија некои од своите ставови и искуства поврзани со мајчинството.

Ѕвездите на „What To Expect When You're Expecting“

Џенифер Лопез за породувањето и активниот живот: „Се сеќавам дека по раѓањето на децата, околу 7 до 10 дена си велев: Што ми се случува? Бев тажна и депресивна и мислев дека бебињата не ме сакаат. Се сеќавам дека ја зедов книгата („What to Expect When You're Expecting“) со цел да видам што ми се случува и таму пишуваше дека нивото на хормоните опаѓа 7-10 дена по породувањето.“... „Моето светилиште е мојата када. Тоа е единственото време кое го имам за себе. Обично трае 15 до 20 минути, но за мене тие минути се како рај на Земјата. Понекогаш си кажувам и мала молитва додека сум внатре. Си велам: Господе, помогни ми да го преживеам овој ден!“

Ѕвездите на „What To Expect When You're Expecting“

Камерон Дијаз за притисокот за имањето деца: „Мислев дека ќе бидам мажена и ќе имам две деца додека да наполнам 21 година. Сметав дека треба да го оформувам својот живот според животот на мајка ми. Но потоа, мојата кариера започна да се движи по нагорна линија, а имаше и многу други нешта кои сакав да ги направам. Па, тој сон за мене многу рано се уништи. После тоа, никогаш не ставив временска граница за ништо друго во мојот живот.“... „Сигурна сум дека многу луѓе би очекувале дека би имала дете до оваа возраст. Но, тоа досега не е она што сум го сакала од животот. Сè уште живееме во значително шовинистички свет. Има кутија во која се ставаат луѓето и кога живееш надвор од неа, тоа предизвикува да се чувствуваат непријатно.“

Ѕвездите на „What To Expect When You're Expecting“

Елизабет Бенкс, која во 2010 година стана мајка откако доби син со помош на сурогат-мајка, изјавила дека децата се најголемата радост во животот. „Кога имаш деца, тие се фокусот на твојот живот, а мојот капацитет за радост се отвори на начин на којшто не мислев дека е возможно.“... „Дефинитивно не мислам дека мора да го чекаш вистинското време. Мислам, зошто да чекаш? Кинезите веруваат дека ако имаш бебе, она што го посакуваш доаѓа уште подобро отколку што очекуваш.“

Ѕвездите на „What To Expect When You're Expecting“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.