Хајди Клум е мајка на четири деца и се приближува кон 40-тата година од животот, но и покрај тоа има тело за кое секоја жена може да ѝ позавиди. Поранешната манекенка на Victoria’s Secret самоуверено позираше како од мајка родена за списанието „Allure“ и гордо потврди дека сè што гледаме е апсолутно природно, без никакви „козметички“ интервенции.
Хајди се колнe дека никогаш не си направила никаква пластична операција, а не пробала ниту Ботокс. „Прашај ме пак кога ќе имам 65 години, но горда сум што денес и на оваа возраст можам да речам дека немам направено ништо во тој поглед. Секој има свое мислење за тоа што е убаво, а што не, а пластичните операции мене не ми изгледаат убаво. Особено кога ќе ги видам на навистина млади девојки. А знам двојно помлади девојки што ги прават. Што ќе направат тие кога ќе наполнат 40 или 50 години?“ – изјавила 38-годишната убавица.
Клум стапи во брак со пејачот Сил во 2005 година и до пред неколку месеци, кога и ја објавија разделбата, се сметаше дека нивниот брак е совршен.
За бракот со Сил Хајди споделила: „Знаете, не би менувала ништо. Не презирам ништо од тоа што се случило. Работите се случија онака како што се случија... Сè уште сум во окото на бурата сега, и сè е малку лудо“.
Погледнете видео од снимањето на едиторијалот: