Поранешната членка на групата Pussycat Dolls, Мелоди Торнтон, ги шокира присутните на манифестацијата „Women in Music“ организирана од Elle, кога се појави во провиден фустан од чипка.
Со широка насмевка 27-годишната пејачка позираше пред фото-репортерите покажувајќи ги своите гради и својот задник, бидејќи „заборави“ да го комплетира својот изглед со градник и гаќички.
Додека присутните шепотеа за модниот избор на Мелоди, на црвениот тепих се појавија и Никол Шерцингер и Џеси Џеј, облечени во пристојни фустани кои им го оцртуваа телото.