Славните холивудски дами имаат долги подготовки пред да зачекорат на црвениот тепих. Учат како да позираат за да се покажат во најдобро светло, со часови седат на столче пред мејкап артист и имаат стилисти чија задача е да им изберат најдобра модна комбинација за дадената прилика.
Нивната облека секогаш го акцентира оној дел од телото со кој најмногу се гордеат. Погледнете кои делови од телото им се омилени на холивудските ѕвезди:
Анџелина Џоли
Бедрата. Како што покажа и на Оскарите, Анџелина се гордее со своите бедра и не се срами да ги остави да ѕирнат од под нејзините долги тоалети.
Џенифер Лопез
Нозете. Иако има 42 години, Џеј Ло нема намера да се откаже од кратките сукњи. Па, нема ни причина зошто да го направи тоа, кога нејзините нозе изгледаат прекрасно ѝ предизвикуваат воздишки и кај мажите и кај жените.
Ријана
Грбот. Многу ѕвезди позираат „преку рамо“ кога сакаат да го истакнат голиот грб. Ријана ги обожава фустаните кои го разголуваат грбот и ја користи секоја прилика да покаже како изгледаат одназад.
Кети Пери
Градите. Кети некогаш се срамела од големината на своите гради, но денес се гордее со бујното деколте. „Кога бев дете, имав огромни гради со кои не знаев што да правам... Сè што сакав е да личам на Кејт Мос. Воопшто не ми паѓаше на ум дека еден ден ќе ми бидат од корист“ – изјавила таа.
Ким Кардашијан
Задникот. Што и да облече Ким, фокусот на фотографите е на нејзиниот задник. Од друга страна, телевизиската ѕвезда не пропушта шанса да се облече во претесни креации кои ги истакнуваат нејзините облини и да позира на начин кој го истакнува овој дел од нејзиното тело. „Ги обожавам моите облини. Се гордеам со своето тело“ – вели таа.
Камерон Дијаз
Рацете. Камерон секогаш е во топ форма. Нејзините стегнати раце отсекогаш привлекувале внимание. „Вежбањето за мене е како јадењето, спиењето и дишењето“ – вели таа.
Мајли Сајрус
Тенката половина. Разголувањето на стомакот не е проблем за слабата Мајли Сајрус, која вели дека нејзиниот фит изглед е резултат на исхрана без глутен.