Сара Џесика Паркер, Хајди Клум и Џенифер Анистон се славните ѕвезди кои најмногу можат да ги натераат луѓето да купат одредено списание. Трите ѕвезди како никој друг им ги зголемуваат приходите од продажбите на најпопуларните списанија.
Сара Џесика Паркер се појави на насловните на „Vogue“, „Elle“ и „Marie Claire“ и со тоа придонесе секое издание со нејзиниот лик да има второ или трето место по продажби во изминатава година.
Хајди Клум му помогна на „Lucky“ токму во март да го има второто најпродавано издание во годината, а во август истото го направи и за „Glamour“.
Џенифер Анистон во јули им го донесе на „Marie Claire“ најпродаваното издание во годината, а во ноември на „Elle“ им помогна да имаат едно од најпродаваните изданија за 2011.
Мила Кунис е другата ѕвезда која успева да мами од насловните страни. Во август таа се појави во машкото списание „GQ“ и им помогна да продадат 250.000 примероци, што е убедливо најпродаваното нивно издание за годината.
Од друга страна, Џастин Бибер воопшто не е привлечно лице за насловните. „Vanity Fair“ го имаше третото најлошо продавано издание од 1992 година досега, кога на насловната се појави Бибер.
Лејди Гага е посебен случај. Кога не носи шминка никој не ѝ обрнува внимание, но кога има некој костим – ги зголемува продажбите. Кога во октомври се појави на насловната на „Harper’s Bazaar“ без шминка, списанието го имаше третото најлошо продавано издание. Но, кога со розова коса и многу шминка се појави на насловната на „Vogue“, таа им го донесе третото најпродавано издание.
Појавувањето на Ким Кардашијан на насловните исто така резултира со различен успех. На „Glamour“ и „Cosmopolitan“ токму таа им ги донесе најпродаваните изданија за 2011, но кога се појави на насловните на „Self“, „Lucky“ и „Harper’s Bazaar“, продажбите биле само просечни.