Ким Кардашијан се прослави со своите облини, па воопшто не е чудно што машкото списание „Esquire“ се фокусираше токму на нив.
Во мексиканското издание на списанието, 31-годишната телевизиска ѕвезда позира по костими за капење, а акцентот на фотографиите е поставен на нејзиното бујно деколте и заоблената фигура.
Фотографиите се дело на Џон Русо, а освен во различни костими за капење, Ким на една фотографија позира и во краток црн фустан од својата колекција.