Бременоста не ги спречува познатите манекенки да продолжат со својата работа. Во третиот месец од бременоста Алесандра Амбросио дефилираше на ревијата на Victoria's Secret по долна облека, а сега, во осмиот месец од бременоста, таа позираше гола.
31-годишната манекенка објави на Facebook фотографија од новата рекламна кампања за бразилската компанија за накит „Vivara“. Амбросио позира свртена во профил и со раката си ги прекрива градите, при што до израз доаѓаат големите парчиња накит. Фотографијата е дело на познатото дуо Мерт и Маркус.

Алесандра е бремена со своето второ дете. На почетокот на овој месец таа им откри на своите фанови на Facebook дека очекува момче.

Алесандра и нејзиниот свршеник Џејми Мазур се заедно од 2005 година и веќе се родители на тригодишната Ања Луиз.