На повеќето жени им се потребни барем неколку месеци за да ја изгубат тежината од бременоста и да се вратат во форма. Но, тоа не важи за ангелите на „Victoria’s Secret“.
Прекрасните манекенки се враќале на модните писти само неколку месеци по породувањето. Алесандра Амбросио не е исклучок. Само еден месец по раѓањето на својот син Ноа Феникс, 31-годишната мајка изгледа фантастично.
Прво таа беше пресретната од папараците додека заедно со својот свршеник беше во потрага по идеалниот дом во Калифорнија.
Неколку дена подоцна Алесандра беше фотографирана со малата ќерка Ања додека се упатуваат на роденденска забава.
Алесандра се породи на почетокот на мај. На 8 јуни таа објави и фотографија од „роденденската“ торта на својот син, за да го одбележи неговиот прв месец.
Очигледно е дека нема да ѝ биде потребно многу време на среќната Амбросио за да се врати во топ форма, а таа веќе има започнато со интензивна физичка активност. „Прв ден вежбање. Чувството е прекрасно, но не е лесно“ – напиша Алесандра на Twitter пред само пет дена.