Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ова е Лондон“: Парис Хилтон ја претстави ќеркичката пред светот со семејна фотосесија

„Ова е Лондон“: Парис Хилтон ја претстави ќеркичката пред светот со семејна фотосесија

Парис Хилтон ја покажа ќеркичката Лондон пет месеци по нејзиното раѓање од сурогат-мајка.

43-годишната бизнисменка го претстави пред светот малото девојче преку семејна фотосесија и спот. На нежните фотографии, Парис позира и со малото синче Феникс и сопругот Картер Реум. Семејниот живот на Парис беше инспирација за нејзината заедничка песна со Сиа, насловена „Fame Won’t Love You“.

Парис Хилтон Парис Хилтон Парис Хилтон Парис Хилтон

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум. Откако паметам за мене сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон. Благодарна сум што е тука. Навистина го ценам секој момент кој го поминувам со неа. Заедно со Феникс, моите бебиња-ангели ми покажаа љубов која не знаев дека може да биде толку длабока додека не станав мајка. Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирираше нова, длабоко лична песна со мојата драга пријателка Сиа, наречена ‘Fame Won’t Love You’. Песната служи како потсетник дека специјалната врска којашто ја чувствувам со моите деца, мојот сопруг и моето семејство е поскапоцено од што било друго на светот“ – напиша Хилтон.

Парис и Картер стапија во брак во 2021 година, а во јануари минатата година го добија синчето Феникс со помош на сурогат-мајка. Претходно, тие имале неуспешни обиди и за ин витро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.