Кога вашето име е Ким Кардашијан, Нова Година не е резервирана само за забава, туку и за голема заработка. 31-годишната старлета ќе ја започне новата година со чек од 600.000 долари, парична сума која ќе ја добие за да се појави во клубот Tao во Лас Вегас.
Според информациите до кои дојде порталот RadarOnline, најпознатата Кардашијан на новогодишната вечер ќе биде „домаќинка“ на неколку празнични настани за да ја заслужи дебелата сума. Повеќето луѓе би рекле дека Ким не прави ништо освен што се забавува, но во светот на славната реалити ѕвезда забавите се исплатлив бизнис.
И додека Ким ќе добие 600.000 долари само за да се дотера и забавува, музичките ѕвезди нема да добијат ни половина од таа сума. Така, Ферги ќе настапува во Лас Вегас за скромни 100.000 долари.
Кети Пери за новогодишната вечер побарала 250.000 долари, но само за да се појави во некој клуб, без да настапува. Засега нема никој што би ја прифатил нејзината понуда. Од друга страна, Ештон Кучер добил големи понуди, но сите ги одбил.
Откако тимот на Мараја Кери не успеал да пронајде клиент кој ќе плати 500.000 долари за изведба на неколку песни, таа решила дека не сака да настапува никаде и дека ќе ја дочека новата година со своето семејство.