По 14 години пред камерите, Ким Кардашијан објави дека нејзиното семејство повеќе нема да го снима реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“.
39-годишната риалити ѕвезда објави дека следната година ќе се прикажува последната сезона. Еве ја нејзината објава:
До нашите неверојатни фанови,
Со тешки срца, како семејство, моравме да ја донесеме тешката одлука да се збогуваме со „Keeping Up with the Kardashians“.
По 14 години, 20 сезони, стотици епизоди и бројни spin-off шоуа, повеќе од благодарни ви сме на сите вам, кои нè гледавте сите овие години – во добри времиња, лоши времиња, радост, солзи и многу врски и деца. Засекогаш ќе ги цениме прекрасните спомени и безбројните личности кои ги запознавме патем.
Им благодариме на илјадниците индивидуи и бизниси кои беа дел од ова искуство и што е најважно, специјална благодарност за Рајан Сикрест кој веруваше во нас, на E! што ни беше партнер, на нашиот продукциски тим во Bunim/Murray, кои поминаа безброј часови во документирање на нашите животи.
Нашата последна сезона ќе се прикажува следната година во 2021.
Без „Keeping Up with the Kardashians“ јас никогаш немаше да бидам онаму каде што сум денес. Неверојатно сум им благодарна на сите кои ме гледаа и нè поддржуваа мене и моето семејство во изминатите 14 неверојатни години. Ова шоу нè направи она што сме и секогаш ќе им бидеме должни на сите кои изиграа улога во оформувањето на нашите кариери и менувањето на нашиот живот засекогаш.
Со љубов и благодарност,
КимВо фокусот на шоуто беше животот на семејството Кардашијан-Џенер, поконкретно на сестрите Ким, Кортни и Клои, како и нивните полусестри Кендал и Кајли. Тоа започна да се прикажува во октомври 2007 година.