Алесандра Амбросио и нејзиниот вереник Џејми Мазур го очекуваат своето второ дете. Прекрасната 30-годишна манекенка, која редовно дефилира на ревиите на Victoria’s Secret, потврдила дека е бремена.
Бременоста не е изненадување за обожавателите на Алесандра. Неодамна таа споделила дека дефинитивно има план да го прошири своето семејство.
Алесандра и Џејми се заедно од 2005 година, а во 2008 година им се роди првото дете, ќеркичката Ања Луиз.
Според информациите на бразилското списание Istoe, Алесандра го изненадила Џејми со веста за бременоста на неговиот роденден во септември. Се смета дека таа е во четвртиот месец од бременоста.