Лусеро Хогаза Леон присуствуваше на манифестацијата „Premio Lo Nuestro“.
Убавата Мексиканка кај нас се прослави со улогата во серијата „Љубовни врски“, во која ги глумеше трите сестри Марија Гвадалупе, Марија Пола и Марија Фернанда.
На розовиот тепих, таа зачекори во елегантен фустан од Willfredo Gerardo.










Црвената креација и краткиот бежово-сребрен фустан исто така се дело на Willfredo Gerardo.






Комбинезонот во мастило боја доаѓа од високата мода на Pedram.


Покрај тоа што е позната актерка и е нарекувана „Кралица на Теленовелите“, Лусеро е и успешна пејачка. Погледнете го нејзиниот настап на „Premio Lo Nuestro“: