Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерка јавно ја искритикува стилистката бидејќи ја облекла во фустан од „само“ 200 долари за SAG Awards

Актерка јавно ја искритикува стилистката бидејќи ја облекла во фустан од „само“ 200 долари за SAG Awards

Терин Менинг јавно ја искритикува својата стилистка Чаниел Браун за фустанот кој го избрала за неа за доделувањето на SAG Awards.

Ѕвездата од популарната серија „Orange Is the New Black“ очигледно не беше одушевена што креацијата која ја носеше на црвениот тепих чини „само“ 200 долари. „Сакам да бидам во фустан за супер ѕвезда“ – изјави таа.

Во видео снимено од TMZ, новинар ѝ кажува на Терин дека му се допаднал нејзиниот фустан од 200 долари и дека изгледаше кул, а таа револтирано му возвраќа.

„Не, тоа не е кул. Лошо е што стилистката не ми го кажа тоа. Сега секој може да си го дозволи, тоа е она што е кул, но не е добро за мене. Сакав да бидам во фустан за супер ѕвезда“ – вели разлутената актерка.

„Дизајнерката доби многу публицитет, па треба да ми плати многу пари“ – додава таа.

Фустанот е дело на брендот Adrianna Papell.

Терин Менинг Терин Менинг Терин Менинг Терин Менинг

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20926 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.