Почетна » Новости » Промо » „Со Sparky до е-ваучер!“: Шпаркасе Банка Македонија со нова кампања за корисниците на VISA

„Со Sparky до е-ваучер!“: Шпаркасе Банка Македонија со нова кампања за корисниците на VISA

Во духот на новогодишните и божиќните празници што нѐ очекуваат, Шпаркасе Банка Македонија започнува нова промотивна кампања, наградувајќи ги сите нови корисници на VISA Classic Debit со вредносен ваучер на износ од 1.000 денари.

Во рамките на оваа промотивна активност, сите клиенти што ќе аплицираат онлајн за платежна картичка Visa Classic Debit преку Sparky Viber асистентот, по активацијата на платежната картичка ќе добијат подарок – е-ваучер од 1.000 денари на својот мобилен телефон.

Шпаркасе Банка

Вредносниот е-ваучер на износ од 1.000 денари може да го добијат сите постојни или нови клиенти на Банката коишто не се корисници на дебитната платежна картичка од брендот Visa издадена од Шпаркасе Банка Македонија. Постапката за аплицирање се спроведува онлајн, со пополнување апликација за Visa Classic Debit преку Sparky Viber Chat асистентот, како и доделувањето на е-ваучерот што се врши преку мобилниот телефон на клиентот.

Корисниците ќе можат да го искористат е-ваучерот еднократно во продавниците на Tinex, Cosmo и Tinex Home, во рок од 30 дена од денот на издавање. Кампањата ќе започне од денес, 1.12.2020 година, и ќе трае сѐ до истрошување на предвидениот буџет за издавање на вредносните ваучери.

Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка, со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.

Повеќе информации во врска со оваа промотивна активност, клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку Контакт центарот на телефон: 2 3200 600.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19702 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.