Почетна » Новости » Промо » 30.000 денари за 30.000-тиот член на „ЛУКОИЛ КЛУБ“ програмата за лојалност

30.000 денари за 30.000-тиот член на „ЛУКОИЛ КЛУБ“ програмата за лојалност

ЛУКОИЛ Македонија, на својот 30.000-ти член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ му додели вредносен ваучер во вредност од 30.000 денари, како знак на почит и благодарност за неговата лојалност кон брендот ЛУКОИЛ.

Среќниот добитник е Спасовски Ацо од Пробиштип, кому на бензинската станица “Македонски Фолклор”, во Скопје, му беше врачена наградата. Од ЛУКОИЛ Македонија велат дека на овој начин ја изразуваат благодарноста кон своите верни потрошувачи и воедно ги поттикнуваат и останатите да станат членови на реномираната лојалти програма на компанијата и да добијат можност за безброј придобивки.

„Навистина сме среќни и горди што програмата ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’ наиде на толкав интерес од страна на нашите потрошувачи и за толку краток период успеавме да дојдеме до бројка од 30.000 членови. Верувам дека сите корисници ги гледаат бенефитите од членувањето во програмата и истата ќе претставува поттик и за останатите потрошувачи да станат член на ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’. За нас,ова е мотив повеќе да продолжиме да делуваме во насока на континуирано наградување, стимулирање и вреднување на сите наши клиенти. Во оваа прилика би сакал и да му честитам на среќниот добитник, но и да му се заблагодарам за неговата лојалнот кон препознатливиот бренд на ЛУКОИЛ“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Лукоил

„Морам да кажам дека сум изненаден и не очекував дека токму јас ќе ја имам честа да бидам 30.000-тиот член на “ЛУКОИЛ КЛУБ” кој ќе ја добие оваа награда. Јас сум редовен посетител на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија на кои полнам квалитетно гориво, користам други услуги и купувам од богатиот асортиман на производи на нивните бензински. ЛУКОИЛ Македонија умее да ги вреднува и наградува своите верни потрошувачи. Затоа, од срце им се заблагодарувам и ги повикувам и другите да станат членови во “ЛУКОИЛ КЛУБ” затоа што нуди безброј поволности и секако награди.” - изјави добитникот Ацо Спасовски.

Програма за лојалност за физички лица ЛУКОИЛ Македонија ја воведе кон крајот од јули месец минатата година и оттогаш, за помалку од 7 месеци, вкупно 30.000 потрошувачи на ЛУКОИЛ Македонија ја искористиле можноста да се стекнат со поени и со други ексклузивни бенефиции при своето пазарување или полнење гориво на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ. При членување во програмата, членовите своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.

Сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19704 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.