Вчера, Next Time промовираа уште една од нивните фантастични преработки на стари македонски песни.
Браќата Мартин и Стефан Филиповски снимија нова верзија на песната „Кога падна на Пирина“ и беа наградени со громогласен аплауз на синоќешната премиера.
„Со гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис! Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди!“ – пишуваат Next Time.