Ријана
Големото шоу по повод доделувањето на Американските музички награди започна со настапот на Ријана. Таа испеа микс од повеќе нејзини хитови: „Love the Way You Lie (Part II)“, „What's My Name?“ и „Only Girl (In the World)“.
Енрике Иглесијас
Заедно со Питбул, Енрике Иглесијас настапи со микс од неговите најнови хитови „Tonight“ и „I Like It“.
Мајли Сајрус
Следна на сцената настапи Мајли Сајрус со баладата „Forgiveness and Love“. Таа се појави на сцената боса, облечена по долг фустан и беше опкружена со црвени запалени свеќи.
The Black Eyed Peas
Популарните The Black Eyed Peas настапија со песната „The Time (The Dirty Bit)“ од нивниот најнов албум „The Beginning“ кој наскоро треба да се најде во продажба.
Кети Пери
Кети Пери ја исполни „Firework“. Песната ја започна мал детски хор, а Кети се појави на сцената во долга блескава тоалета.
Џастин Бибер
Големиот победник на вечерта, Џастин Бибер, ја исполни неговата „Pray“.
Џон Бон Џови
Легендарниот Бон Џови настапи со делови од добро познатите „What Do You Got“, „You Give Love a Bad Name“ и „It's My Life“.
Пинк
Пинк, која минатата недела потврди дека е бремена, настапи на сцената со енергичната песна „Raise Your Glass“.
Тејлор Свифт
Тејлор Свифт, која минатата година доминираше со бројот на освоени награди, оваа година освои само една, но ја освои публиката со нејзините нови песни „Back to December“ и „Apologize“.
Кристина Агилера
Кристина Агилера настапи со „Express“ која е дел од нејзиниот најнов филм „Burlesque“.
NKOTBSB
NKOTBSB е всушност New Kids on the Block и The Backstreet Boys. Момците кои сè уште крадат женски срца настапија со микс од хитови како „I Want it That Way“, „Step by Step“, „The Right Stuff“ и „Larger Than Life“.