На обожавателите на музиката на Адел им недостигаа нејзините совршени изведби во живо додека популарната пејачка закрепнуваше од операција на гласните жици. Чекањето заврши. Адел е подготвена да се врати на музичката сцена и тоа го докажа во шоуто „60 minutes“.
23-годишната Адел седна пред водителот Андерсон Купер и без многу труд „а капела“ исполни дел од нејзиниот хит „Rolling In The Deep“.
Ова е првпат Адел да пее во јавност по операцијата, а нејзиното големо враќање е закажано за в недела, на доделувањето на Греми наградите. Судејќи според ова видео, слободно може да се каже дека ќе видиме спектакуларна изведба.