Почетна » Новости » Мода » Џенифер Лопез и официјално ќе ја добие титулата „модна икона“

Џенифер Лопез и официјално ќе ја добие титулата „модна икона“

Стилот на Џенифер Лопез е наголемо анализиран и секоја нејзина модна комбинација предизвикува голем интерес. Популарната пејачка и актерка, која годинава ќе го прослави 50-тиот роденден, и официјално ќе ја добие титулата модна икона.

Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) одлучи годинава да ѝ ја додели наградата „Модна икона на годината“ токму на Лопез, а таа ќе ја прими за време на свечена церемонија која ќе се одржи на 3 јуни во Њујорк.

„Џенифер Лопез ја користи облеката како начин да изрази самоувереност и моќ“ - изјави Даен фон Фирстенберг.

„Стилот на Џенифер Лопез е смел, невоздржан и секогаш запаметлив. Дизајнерите, вклучително и многу од нашите членови на CFDA, обожаваат да ја облекуваат и за на сцена и за приватните моменти“ - изјави Стивен Колб, претседател и CEO на CFDA.

Во изминативе години меѓу модните икони кои ја добиле оваа награда се и Наоми Кембел (2018), Бијонсе (2016), Ријана (2014), Џони Деп (2012), Лејди Гага (2011), Кејт Мос (2005), Сара Џесика Паркер (2004) и Никол Кидман (2003).

Од најозборуваната креација на Версаче која Лопез ја носеше на Греми во 2000 година до многуте елегантни фустани со кои блескаше на црвениот тепих во изминативе години, погледнете некои од нејзините најсилни стилски моменти.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.