Хајди Клум и Габриел Обри го сочинуваат привлечното дуо од новата рекламна кампања на брендот INC на синџирот стоковни куќи Macy’s.
41-годишната манекенка и 38-годишниот модел позираа во сино-бели комбинации наменети за претстојната топла сезона.
Клум, која соработуваше со брендот пред 15 години, за време на снимањето на фотосесијата изјавила: „Алиштата се секогаш забавни и малку секси.“
Кампањата е по повод 30-годишнината од постоењето на брендот. Фотографиите се дело на Волтер Чин.