Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Фанки обувки од модната блогерка Кијара Ферањи

ФОТО: Фанки обувки од модната блогерка Кијара Ферањи

Шармантната и енергична Кијара Ферањи е основач на познатиот блог The Blonde Salad, кој привлекува огромен број на љубителки на модата. 27-годишната Италијанка, која започна да ги споделува онлајн своите стилски авантури во 2009 година, денес е една од блогерките со најголема заработка.

Освен што е успешна при креирањето на смели модни комбинации, Кијара вешто плива и низ дизајнерските води. Славната блогерка неколку сезони дизајнира забавни обувки за девојките кои не се плашат да експериментираат.

За претстојната сезона, Кијара предлага блескави модели со фанки изглед кој веднаш паѓа в очи. Како и секогаш, таа црпи инспирација од нејзините чести патувања низ светот, поп културата и современата уметност.

Погледнете ја колоритната кампања за колекцијата пролет/лето 2015 на Ферањи.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.