Зимата календарски само што започна, но брендовите веќе ги дефинираат модните тенденции за следната модна сезона.
За идните пролетни денови „H&M“ предлага весел танц помеѓу деликатни цветови, кои на моменти придобиваат апстрактна форма и сончево жолти нијанси. Топлите блузи, џемпери и тенки палта се наменети за транзицискиот моден период, кога сонцето сè уште не грее со полна сила. Релаксираните силуети се сигнал дека комфорот ќе го продолжи своето владеење на урбаните писти.
Погледнете најава за стилската приказна на шведскиот бренд за идната година.