Париз ги угости илјадниците вљубеници во модата кои имаа шанса да ги проследат последните ревии посветени на колекциите пролет/лето 2015.
Додека на пистите се редеа новите модни приказни на брендови како Диор, Шанел, Валентино и Луј Витон, на улиците на романтичната француска метропола владееше вистинска стилска треска. Објективите на фотографите беа вперени кон дамите кои секојдневно оставаат свој печат во модната индустрија.
Уреднички, стилистки, блогерки, холивудски ѕвезди и богати љубителки на дизајнерска облека креираа импресивен микс на стилска инспирација.