H&M изненади со модно слетување на Месечината за да ја прикаже својата нова премиум колекција од линијата Studio. Футуристички и спортски стил владееја на пистата во Париз.
Пред очите на околу 600 гости, меѓу кои Соланж Ноулс, Каролина Куркова и Одри Тату, беа презентирани клучните модели за сезоната есен/зима 2015.
„Сè ми се допадна од шоуто на H&M Studio. Има една зелена ролка и панталони кои веднаш сакам да ги имам в раце“ – коментирала Ноулс по завршувањето на ревијата.