Стилот на Јана Фисти се темели на „лаконски“ линии и авангардни модни додатоци. Модерната Русинка е вистинска стилска дива чии модни изданија постојано се овековечувани од страна на нејзината љубов, фотографот Евгениј Фист.
„Јас сум либерална во однос на принтовите. Обожавам нетрадиционален крој кај облеката, но под услов тој да не ги потенцира недостатоците на фигурата. Сакам да мешам винтиџ парчиња со аксесоари со современи форми и линии“ – вели таа.
Фисти е успешна стилистка, која стои зад стотици фотосесии и рекламни кампањи за познати брендови.