Мајкл Корс ќе ги привлекува своите клиентки со безгрижен оптимизам и романтична женственост. Американскиот дизајнер ги објави фотографиите од рекламната кампања пролет/лето 2015 и го примами погледот на милиони обожавателки со префинет вкус.
Реномираниот фотограф Марио Тестино ги потпишува промотивните фотографии за Michael Kors и Michael Michael Kors.
Кармен Педару, која неколку сезони соработува со популарната модна куќа, позираше заедно со Бенџамин Ејдем.
„Пролетта за мене се сведува на безгрижен оптимизам. Деновите стануваат подолги, цвеќињата започнуваат да расцветуваат и сè се враќа во живот“ – објаснува Корс.
Кармен е ѕвездата и од кампањата за актуелната колекција ресорт 2015.