Оливија Палермо секогаш изгледа беспрекорно, од глава до пети, а нејзиниот шик стил на облекување е заслужен што неретко е нарекувана „модна икона на денешницата“.
28-годишната бринета позираше за дигиталното списание „The Edit“ во стајлинзи кои ја ставаат на пиедестал модата од 60-тите години.
Во интервјуто за списанието, Палермо признала дека никогаш не го пречекорува куќниот праг несредена и дека љубовта кон дотерувањето и грижата за изгледот ги наследила од мајка си и баба си.
Поради големото влијание кое го има врз модната индустрија, многумина очекуваат Оливија да лансира свој моден бренд. Сепак, таа вели дека уште малку ќе го одложи реализирањето на таа своја амбиција. „Рацете ми се преполни во моментов. Би сакала да основам своја модна куќа, но ова не е вистинско време. Сметам дека можам да го правам тоа постепено и кога ќе дојде времето, ќе го направам“ – рекла таа.
Најзабележливи во стилот на Палермо се впечатливите модни додатоци. Според неа, најдобар сојузник на жената е тенкото коланче кое може да ѝ даде привлечна силуета на облеката и понекогаш да ги прикрие неколкуте килограми плус.