Оливија Вајлд е заштитно лице на колекцијата „Conscious Exclusive“ на „H&M“. Атрактивната актерка и хуманитарка ги претстави новите парчиња изработени од материјали како органски памук, коноп, рециклирана волна и органска кожа, со цел помало загадување на животната средина.
Еколошката колекција е создадена со почит кон луѓето и околината. „Одржливоста има лоша репутација, особено во модата. Мислам дека луѓето претпоставуваат дека облеката ќе биде здодевна, ткаенините непријатни, а дизајнот неинспиративен. Тоа е далеку од вистината и колекцијата Conscious Exclusive на H&M покажува дека одржливоста не подразбира компромис со стилот“ – изјавила Вајлд.
Лахлан Бејли е заслужен за промотивните фотографии.
Оливија веќе носеше модна комбинација од колекцијата на црвениот тепих.