Додека сонцето срамежливо го наговестува доаѓањето на пролетта, Mango подготвено ги најавува модните тенденции кои ќе доминираат во текот на топлата сезона.
Шпанскиот моден бренд објави неколку фотосесии кои ни даваат јасна и привлечна слика за трендовите кои ќе ги освојат вљубеничките во модата. Реси, етно принтови, риги, глам рок стил, спортска елеганција, црно-бела едноставност и бохо шармот на 70-тите години ќе царува на улиците.