За време на изминатиов викенд, во Вашингтон се одржа 101. традиционална вечера на Здружението на дописници од Белата куќа.
Барак Обама ги забавуваше гостите со многу шеги, а задача на гостинките беше да блеснат во отмени вечерни изданија.
Моделите беа доминантна група на црвениот тепих. Кога станува збор за стилот, Шанел Иман изгледаше како модерна Пепелашка во сина креација од Зухаир Мурад, Џена Деван-Тејтум шармираше во балски фустан од Рим Акра, додека Хана Дејвис беше вистинска модна сирена во сино-зелена тоалета од Жорж Чакра.
Софија Буш вешто ја сокри тагата од смртта на нејзиното неодамнешно момче, Ден Фрединбург, кој загина во лавина на Монт Еверест предизвикана од земјотресот во Непал.
77-годишната Џејн Фонда восхитуваше во припиен фустан од Дона Каран, а Иванка Трамп ја покажа стројната фигура во црвен фустан од Зак Позен.
Погледнете го и оценете го стилот на славните гостинки.