Мајкл Корс ја создаде совршената колекција обувки за дамите кои често патуваат. „Jet Set 6“ се состои од 6 пара обувки без кои не може да се замисли летна авантура на една џетсетерка.
Комотни сандали за долгите денови на плажа, удобни патики за истражување на нови туристички локации, сандали на штикла за долгите летни ноќи, кратки шик чизмички кои се идеален партнер на модерните бохо фустанчиња и сандали со полна потпетица за елегантен и сигурен чекор веќе ги полнат куферите на модерните дами.
Модната блогерка Анабел Флор ја промовираше примамливата колекција на својот блог, додека Лили Олдриџ отпатува во Рио де Жанеиро, каде сними рекламна фотосесија.