„Desigual“ ве кани да станете дел од нова модна приказна. Останувајќи доследен на позитивноста и безгрижноста по која е препознатлив, популарниот бренд предлага егзотични и колоритни модни парчиња за сезоната пролет/лето 2015.
Колекцијата „Say Something Nice“ претставува „мултикултурен букет“. Забавните креации се неодолива комбинација на медитерански дух, јужноамерикански мотиви, цветови од класична англиска градина и пејзажи на Пиринејскиот полуостров.
Меѓу моделите од впечатливата кампања е и инспиративната Шантел Браун-Јанг, позната и како Вини Харлоу, која страда од кожното заболување витилиго.