Изабели Фонтана е софистицирана успешна жена во најновата рекламна кампања на Дона Каран за сезоната есен/зима 2011.
Бразилската манекенка се појавува со повеќе елегантни креации во сребрени нијанси, покажувајќи како една модерна жена може да изгледа заслепувачки од утро до мрак.
Дона Каран со оваа реклама се обидува повторно да ги заведе купувачите со неодоливата моќ на успешната жена. Кампањата е насловена како „Моќта на жената“, а била снимена во Њујорк.