Victoria’s Secret неодамна остана без два од своите 8 официјални ангели, откако Дауцен Крус и Карли Клос ги „пензионираа“ своите крилја. Очигледно познатиот бренд започна да ги пополнува празните места во атрактивната група.
Елза Хоск потпиша договор со кој ја доби титулата „ангел“. Информацијата беше објавена од агенцијата на згодната Швеѓанка, но сè уште не е потврдена од VS.
26-годишната Хоск, која работи како модел од 14 години, соработува со VS од 2011 година.
Во групата ангели засега се и Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Беати Принсло и Кендис Сванапул.