Ана Еверс е ѕвездата од моден едиторијал за мартовското издание на списанието „Numéro“.
Привлечната Германка, која е заштитно лице на Мango, позираше за главниот дизајнер на француската модна куќа Шанел, Карл Лагерфелд.
За едиторијалот „Belle Plante“, 21-годишната манекенка облече впечатливи креации од Диор, Валентино, Армани, Жан Пол Готје, Ели Сааб, Зухаир Мурад и Шанел. За стилскиот избор задолжена била Венеса Мец.