Алесандра Амбросио го разубавува февруарското издание на списанието „Ocean Drive“. За едиторијалот „The Thrill of Brazil“, сексапилната Бразилка позираше во костими за капење, меѓу кои има и модели од нејзината колекција „ále by Alessandra“. Фотографиите ги потпишува Стјуарт Шајнинг.
Во интервјуто за списанието, Амбросио зборувала за негативните коментари на социјалните мрежи. „Повеќе не го сфаќам тоа лично, има толку многу различни мислења. Ако прочитам нешто што не ми се допаѓа, си помислувам, сеедно... Не можеш да си слушаш сите, мора да бидеш своја“ – рекол атрактивниот ангел на Victoria’s Secret.
33-годишната манекенка тврди дека не се фокусира на негативностите и дека не ги гледа своите колешки како ривали. „Ние се инспирираме една од друга. Тие ми се колешки, тие се прекрасни“ – изјавила таа.
Погледнете и видео од снимањето на едиторијалот.