Алесандра Амбросио го краси првото издание на бразилскиот „Вог“ во новата 2015 година. 33-годишната манекенка позираше на егзотичниот остров Сент Бартс (Свети Вартоломеј).
Врвниот фотограф Патрик Демаршелие беше ангажиран да ја овековечи замислата на стилистката Јасмин Стереа.
На корицата на модното списание, Амбросио носи блуза од Луј Витон.