Алесандра Амбросио умее да привлече внимание каде и да се појави.
37-годишната Бразилка ги сврти кон себе објективите на фоторепортерите кога на црвениот тепих во Кан зачекори во впечатлива креација од Зухаир Мурад. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret присуствуваше на премиерното прикажување на американскиот филм „BlacKkKlansman“.