Синди Крафорд е шармантна дама за „Elle“ Хонгконг. 49-годишниот супермодел ги разубавува страниците на августовското издание на модното списание.
Крафорд, која е една од најпривлечните и најпрепознатливи жени во модната индустрија, ја истакна својата женственост на фотографиите направени од Оливие Десарте.
Тешко е да се поверува дека таа наскоро ќе зачекори во шестата деценија од својот живот.