Почетна » Новости » Мода » Ултрамодерен накит за ефектен стилски отпечаток кој ќе ве освои за миг

Ултрамодерен накит за ефектен стилски отпечаток кој ќе ве освои за миг

Ниту една стилска приказна не е комплетна без највпечатливиот моден аксесоар – накитот. Внесува уникатна нота во секој стајлинг, умее експресно да го зароби погледот, а е рефлексија на индивидуалноста на оној кој го носи. Токму затоа, вистинските почитувачи на модата не би го пречекориле куќниот праг без да ја активираат магијата на накитот.

Најновите тенденции кај накитот би задоволиле многу различни преференции, а се вткаени во актуелните колекции на италијанскиот бренд Rebecca, достапен во Ист Гејт Мол и Рамстор.

Незаборавни со Stockholm

Посакувате накит со wow-ефект кој може секој аутфит да го претвори во незаборавен стилски погодок? Колекцијата Stockholm е врвен избор, независно дали планирате глам-рок дневна комбинација или моќен изглед за свеченост.

Коктел прстени и впечатливи синџирчиња и обетки, изработени од бронза и 24-каратна позлата со кристали и одржлив полимер, сведочат за моќен карактер и самодоверба.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Сензуални со Jolie

Дозволете си да бидете маѓепсани од безвременската убавина која зрачи од колекцијата Jolie. Префинетите парчиња носат софистицираност и пленат со суптилен блесок.

Прецизно украсен со деликатен дијамантски прав, овој накит ќе стане константа во вашите поспецијални стајлинзи.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Ненаметливо гламурозни со Diana

За специјалните моменти кои сакате да ги памтите засекогаш, нека влезе во вашиот моден радар гламурозната Diana колекција. Инспирирани од неповторливата принцеза Дијана, нарекувана и Кралица на срцата, овие парчиња освојуваат со отмена естетика.

Неспорно станува збор за модерна класика изработена од сребро 925 и колоритни кристали на која ќе се навраќате секогаш кога се стремите да оставите елегантен впечаток.

Rebecca Rebecca Rebecca

Разиграни со Tulipe

Атрактивните лалиња со препознатливата силуета ја диктираат основата на колекцијата Tulipe. Забавна, динамична и вистински магнет за око.

Фините синџирчиња од бронза, надополнети со светкави елементи за доза луксуз или природни камења од жад во привлечни нијанси, се стилско волшепство од кое никогаш нема да се заситите.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Уникатни со My World

Ставете силен личен печат на секоја ваша комбинација со парчињата накит од колекцијата My World.

Изберете современи иницијали и симболи кои го одразуваат вашиот карактер и говорат за вашите приоритети или изненадете некого со подарок за кој сигурно ќе знае дека е избран со посебно внимание. Испишете име, прекар или надоврзете приврзок со големо значење...

Комбинациите се бескрајни, започнете да креирате блескава сторија сега!

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.