Едноставен за комбинирање и вечно модерен – точкестиот принт е неодолив и присутен речиси во секој плакар. Zara го издигнува на пиедестал токму овој дезен за претстојната есенска сезона.
Најновата лимитирана колекција од шпанскиот бренд вклучува најразлични модели. Од тренч-мантил со огромни кругови и точкести панталони и комбинезони до фустани со ситни точки... веројатно лесно ќе си пронајдете фаворит.