Жорж Хобеика како и секогаш доби свое место на Париската недела на високата мода.
Либанскиот дизајнер ги презентираше новите рачно изработени креации од колекцијата есен/зима 2021 со ревија во француската метропола.
„Колекцијата есен/зима 2021 е микс од минималистичка екстраваганција и романтизам, проткаен во променливи силуети, хармонични линии и деликатни детали“ – стои во описот на колекцијата.